За прв пат во Македонија поставен стент на аневризма

20.10.2015 16:15

За прв пат во земјава е поставен стент за спречување на проширување на централната артерија, аневризма. Со интервенцијата на аневризмата значително се намалува смртноста, а компликациите се и до пет пати помали во однос на класичната хирургија...

Првпат во Македонија е поставен стент на аневризма на торакална аорта преку ендоваскуларен пристап. Тоа подразбира изведување на мал рез во препоната, каде што со тенка цевка преку феморалната артерија се стигнува до местото на проширувањето. Преку неа директно се воведува стент- графт што се поставува во заболениот дел од торакалната аорта. Интервенцијата „тивар“ е изведена на 36 годишен пациент.

Интервенцијата треба стратегиски и тактички добро да е испланирана, во спротивно компликациите се многу сериозни вели доктор Салис Таџер, најсериозна е парализа на долните екстремитети која се појавува во 15 проценти од случаите.

Оваа интервенција првпат е направена во 1994 година, а во американските болници се применува после одобрението во 2005 година. Кај нас Клиничката болница Аџибадем Систина е кадровски и технички опремена за рутинско изведување на овие интервенции.

 

Фиљана Кока