Масовни апсења на припадници на Исламска Држава

20.10.2015 16:19

Според турските медиуми, тие биле трениари за борби во Сирија и во Ирак и наскоро требало да бидат префрлени на територии под контрола на Исламска Држава...

Турската полиција уапсила неколку десетици луѓе осомничени дека се поврзани со џихадистичката организација Исламска Држава, меѓу кои и 24 малолетници.

Според турските медиуми, тие биле трениари за борби во Сирија и во Ирак и наскоро требало да бидат префрлени на територии под контрола на Исламска Држава.

Во меѓувреме е идентификуван еден од двајцата бомбаши-самоубијци што го извршија нападот во анкара во кој загинаа 102 лица.

Тој бил припадник на турска ќелија на Исламска Држава, заедно со неговиот брат, којшто во јули се разнесе во самоубиствениот напад во Суруч во кој загинаа 33 луѓе.