Изградени 13 згради со социјални станови
Од 32 проектирани, 13 згради со социјални станови се изградени, 660-ина домови за социјално ранливите категории грагани. Ќе се градат уште 540...

Објавен е огласот за распределба на 101 стан во Демир Хисар и Прилеп. Може да аплицираат децата без родители и родилска грижа, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, самохрани родители.
Од 32 проектирани, 13 згради со социјални станови се изградени, 660-ина домови за социјално ранливите категории грагани. Ќе се градат уште 540. Во фаза градежни активности во Кочани и Македонски Брод, камен темелник на ваков објект ќе биде поставен и во Гостивар.
Социјалните станови ќе се распределуваат електронски. Предност ќе имаат деца без родители кои до 18- тата биле згрижени во домови, а сега се станбено необезбедени.
Според надлежните, надоместокот за закуп на социјалните станови зависи од квадратурата и цената се движи од 400 до 1000 денари.
Сузана Фиданска Стоевска
