Хакиран приватниот и-мејл на директорот на ЦИА

20.10.2015 16:31

Од ЦИА потврдија дека истрагата е во тек, но не прецизираа дали дошло до хакирање на личниот и-мејл налог на Бренан...

Еден средношколец усепал да ја хакира приватната електронска пошта на директорот на ЦИА, Џон Бренан. Американските власти ги истражуваат наводите дека тинејџерот влегол во листата на контакти, список на телефонски повици и други документи на првиот човек на разузнавачката агенција.

Од ЦИА потврдија дека истрагата е во тек, но не прецизираа дали дошло до хакирање на личниот и-мејл налог на Бренан.

Хакерот на социјалните мрежи тврди дека „упаднал“ и во личната електронска пошта на американскиот секретар за внатрешна безбедност Џеј Џонсон.