Мигрантската криза ќе се одрази врз економиите во регионот
Се уште не може да се предвиди како, но мигрантската криза ќе се одрази врз економиите во регионот – оценува економистот Мојмир Мрак од универзитетот во Љубљана. Ризиците влијаат на очекувањата за растот, на удар се јавните финансии во транзит-земјите...

Бранот мигранти ќе влијае на економските текови во секоја земја преку која транзитираат, но засега не може да се пресметаат ефектите врз буџетите и бизнисот. Експертите уште отсега прогнозираат повисоки стапки на економски раст за регионот за в година.
„На ниво на регион се планираат повисоки стапки на раст. Тоа не е случај само со Македонија, меѓутоа ризиците се зголемуваат. Во моментов никој не знае какво ќе биде економското влијание на бегалската криза во регионот. Се разбира тоа ќе има влијание на јавните финансии на секоја од државите која се соочува со оваа криза“, смета Мојмор Мрак, Економски факултет- Љубљана.
Засега цените на суровините се поволни, но не може да се предвиди нивната идна динамика, а тука е и дополнителниот ризик поради состојбата во Грција и во еврозоната, смета професорот Мрак. И покрај негативностите, водечките словенечки економисти препорачуваат влез на земјава во Европската Унија, со објаснување дека кај ефектите „плусовите“ се побројни од „минусите“.
„Мојот заклучок е дека придобивките од пристапувањето во заедничкиот пазар на ЕУ беа поголеми од загубите што ги претрпе Словенија или проблемите што се јавија по пристапувањето во ЕУ. Токму затоа целосно го поддржувам членството на Р. Македонија во Европската Унија“, нагасува Метка Текавчич, декан на Економски факултет- Љубљана.
Коментирајќи ја висината на јавниот долг, професорот Мрак со став дека тој во моментов не е проблем за Македонија како што е за другите земји од регионот. Напоменува дека во случај на нов бран на криза, финансиските инстраменти ќе поскапат што може да го отежне пристапот до средства. Не е исто голема и мала земја да имаат јавен долг од 60%, велат експертите, посочувајќи го примерот на Словенија која во 2013-та беше на работ да не биде подобна за учество на пазарот на капитал, со објаснување дека помалите се поподложни на надворешни влијанија.
Свето Николовски
