Шулин: Во дипломатијата не се лаже што се разговарало на средба
Кога некој мој соговорник на официјална средба, потоа би рекол невистина за тоа што се разговарало на истата, тогаш јас, како и во случајот на Израелците со Заев, по писмен пат би испратила демант во однос на сите работи, вели Шулин...

Словенечката пратеничката во Европскиот Парламент, Патриција Шулин со коментар за изјавите на Заев по средбите во Израел и демантите што следуваа од официјален Тел Авив. Во изјава за МИА таа вели дека е изненадена што некој во дипломатијата или во политиката може да помисли да лаже за тоа што се разговарало на официјална средба и смета дека такво нешто е под секое ниво.
„Кога некој мој соговорник на официјална средба, потоа би рекол невистина за тоа што се разговарало на истата, тогаш јас, како и во случајот на Израелците со Заев, по писмен пат би испратила демант во однос на сите работи, како што тоа дипломатски се прави“, вели Шулин.
