Мижнекс: Европа ја чека црно сценарио

21.10.2015 09:15

Комесарот за човекови права на Советот на Европа предупреди во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон дека ако состојбата со бегалците во Европа продолжи како сега, бегалците ќе останат заглавени на Балканот. Многу земји членки ќе подигнат ѕидови и ќе на власт ќе дојдат антиевропски партии...

Системот на Европа за мигранти и азил е урнат поради бегалската криза. До крајот на август, 630 илјади бегалци од Сирија пристигнале во Европа, половина од нив во Германија и во Унгарија, соопшти Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мижнекс. Според него ако бегалската криза продолжи, Европа ја чека црно сценарио.

„Каде ќе бидеме за една година ако вака продолжиме? Кошмарот што го имам е дека сите шенген ѕидови ќе бидат кренати, ќе има многу земји со ѕидови жица околу нив и на гранични премини во Европската Унија, со други зборови шенген зоната ќе биде мртва. Многу мигранти ќе бидат заглавени во места како Србија, Македонија, Турција, а не сакаат да бидат таму и таму да одат. Грција и Италија ќе бидат во лоша ситуација како и сега без помош од европските колеги и ќе имаме раст на популизмот и антиевропските партии“, изјави Нилс Мижнекс, комесар за човекови права на Советот на Европа.

Според Комесарот на Советот на Европа. се до пред две години, најмногу од бегалците во Европа не беа бегалци од воените жаришта, туку азиланти од економски причини.

„Ја гледаат реалноста во Западноевропските и Северноамериканските држави и тоа е неодоливо. Прашањето е како ќе го менаџираме тоа? Мислам дека е потребна законска рамка, луѓето да дојдат, да работат и повторно се вратат од каде што дошле. Ова е случај како барателите на азил од Западниот Балкан. До неодамна, речиси половина од азилантите во Германија беа од Косово, Србија, Македонија, коишто не беа во опасност од прогон, освен неколку случаи на Роми, но генерално на 95 проценти од нив не им беше потребна заштита, туку работа. Единствен начин како да се отстранат од азилантскиот систем е да им дадете законско право да дојдат, работат и заминат“, објаснува Мижнекс.

Земјите членки на Европската Унија се обидуваат со донирање финансиски средства на други држави да спречат бран бегалци во нивните земји, оценува Мижнекс, нагласувајќи дека формирање на мигрантски центар во Грција е апсурдна идеја, како и подигнувањето на ѕидови во некои европски земји за спречување на бранот бегалци. 

Според комесарот на Советот на Европа, најголем проблем со бегалската криза во Европа во моментов што нема солидарност меѓу европските држави.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ