Словенечката војска ќе ја контролира границата

21.10.2015 11:47

Словенија се соочува со прилив на мигранти кои доаѓаат од Хрватска поради затворањето на унгарската граница...

Словенечкиот парламент рано изутринава усвои закон, со кој на армијата и се даваат поголеми надлежности. Војската ќе ги контролира деловите од границата на кои нема полициско присуство.

Словенија се соочува со прилив на мигранти кои доаѓаат од Хрватска поради затворањето на унгарската граница.

Од саботата 20 илјади бегалци влегле во земјата, владата денеска ќе побара финансиска и полициска подршка од Европската Унија за справување со кризата.