Антитерористичка акција на руската полиција, уапсени 97 членови на „Хизб Ул Тахрир“

21.10.2015 11:58

Името на групата, која е забранета во Русија, имала за цел создавање глобален калифат, базиран врз шеријатски закони...

Голема антитерористичка акција на руската полиција. Уапсени се 97– мина осомничени дека припаѓаат на терористичката група „Хизб Ул Тахрир“.

Во акцијата се конфискувани банкарски картички и екстремистичка литература. Името на групата, која е забранета во Русија, имала за цел создавање глобален калифат, базиран врз шеријатски закони.

Минатата седмица во Москва беа уапсени десет лица, осомничени дека припаѓаат организацијата  „Исламска држава“.