Средба Асад- Путин во Москва
21.10.2015 12:18
Асад му се заблагодарил на Путин за водушните напади и поддршката во борбата против џихадистите...

Во Москва, средба на сирискиот претседател Башар Ал Асад со рускиот претседател Путин. Воздушните напади во Сирија биле главна тема на разговорите.
Асад му се заблагодарил на Путин за водушните напади и поддршката во борбата против џихадистите. Ова е прва посета на Асад во странство од почетокот на граѓанската војна во 2011-та.
Во меѓувреме, Соединетите американски држави и Русија потпишаа спогодба за воздушните напади во Сирија за да се избегнат инциденти при нивното извршување.
Договорот ги регулира протоколите и фреквенциите, но не предвидува размена на информации за целите на воздушните напади.
