Стејт департментот со реакција за политичката состојба во Македонија

21.10.2015 12:49

Портпаролот Џон Кирби, на редовниот брифинг со новинарите, апелира до преговарачите да продолжат со имплементирањето на договорот од јули, бидејќи тоа е најдобриот начин за излез од кризата и претставува отворање на патот за кредибилни избори во април...

Американскиот Стејт Департмент со реакција за политичката состојба во Македонија. Портпаролот Џон Кирби, на редовниот брифинг со новинарите, апелира до преговарачите да продолжат со имплементирањето на договорот од јули, бидејќи тоа е најдобриот начин за излез од кризата и претставува отворање на патот за кредибилни избори во април.

„Ги охрабруваме македонските лидери да работат на напредокот кои веќе го направија со спроведувањето на политичкиот договор од 15-ти јули, што претставува најдобар начин за излез од кризата на патот кон веродостојни избори во април 2016-та година“, вели Кирби.

Партиите го испуштија клучниот рок да се согласат по сериозните прашања поврзани со форматот на владата, заштитатата на „дошепнувачите“ и заштитатата на приватноста. Направен е важен чекор со назначувањето на специјалната обвинителка, на која треба да и се обезбедат ресурси и персонал за да го исполни својот мандат – вели Кирби, и додава дека се надева оти работните групи ќе продолжат со разговорите и дека интересите на државата ќе бидат ставени во прв план, со што ќе се потврдат заложбите за интеграцијата на земјава во евро-атлантските структури.