Отворена детска градинка во општина Сарај

21.10.2015 13:01

Станува збор за голема инвестиција на Министерсвото за труд и социјална политика со која се реализира дадено ветување на граѓаните во Сарај, посочи министерот Диме Спасов...

Општина Сарај доби нова детска градинка. Станува збор за голема инвестиција на Министерсвото за труд и социјална политика со која се реализира дадено ветување на граѓаните во Сарај, посочи министерот Диме Спасов.

„Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари за изградба на овој објект кој што е започнат пред неколку години, но денес го отвораме, со што се создава капацитет за згрижување на 100 деца на оваа општина. Како министерство и понатаму продолжуваме со инвестиции за изградба  на детските  градинки низ целата држава каде што има потреба за создавање на вакви капацитети со цел задоволување на потребите и на родителите и на децата во нашата држава“, изјави министерот Спасов.

Ова е 9-та градинка која се отвора годинава, додека во изминатиот период отворени се над 40 градинки.