Кулминација на грипот наредниот месец

17.01.2014 17:23

Авди Сулимани е дијабетичар. Неколку дена имал вирусна инфекција проследена со висока температура, но не побарал лекарска помош. Сметал дека сам ќе го победи вирусот со витаминска терапија. Но почувствувал дека повторно не е добар па решил денеска да дојде кај својот матичен лекар. Тој спаѓа во ризична група хронично болни. Настинката не му направила сериозни компликации.

-Во семејството ако еден се разболи, малку треба да се внимава. Ќе се одделите од домашните во посебна соба и ќе ја мерите температурата. Во меѓувреме ако имате болки можете да се напиете парацетамол, но в понеделник ако имате големи проблеми ќе дојдете, ќе морам да ве пратам и на повисоки инстанци за лекување,   изјави Д-р Славица Топузова- специјалист по општа медицина.

Лекарите велат дека превенцијата е можна со одбегнување големи собири - таму грипот најлесно се пренесува. Ако состојбата на болниот не се подобри за неколку дена, тогаш треба веднаш да се јават кај матичниот лекар.

-Лекарите апелираат пациентите со хронични заболувања, бремените жени и децата до три години со симптоми на грип да не се лекуваат сами.

Сезонскиот грип пред два дена ја зеде и првата жртва. За една недела двојно се зголеми бројот на грипозните. Само минатата недела се регистрирани речиси 600-тини лица. Вкупната бројка надминува 1900 заболени. Грипот допрва ќе го зема замавот.

Андријана атанасовска