„Ничија земја“ ќе ја претставува Македонија на Венециското биенале за архитектура

21.10.2015 15:24

„Ничија земја“ е архитектонското дело што ќе ја ќе ја претставува Македонија на 15-то Венециско биенале за архитектура. Едногласно избран од стручната комисија, делото е на проектантското биро „Стоун дизајн“ - Скопје и архитектите Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски...

Проектот го обработува суштинскиот проблем на денешницата – миграциите од секој аспект, земајќи го во предвид времето на брзи промени, политички процеси и економски кризи. Авторите на проектот преку едно архитектонско-визуелно остварување ја проектираат публиката во една субјективна реалност на самопрепознавање во новите можни глобални географски поместувања, рече министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.

Архитектот на „Ничија земја“, Стојан Павлески, вели дека понудиле две решенија за проектот, во зависност од тоа каков простор ќе биде избран во Венеција, каде што ќе се претстават.

Со овој проект достојно допираме до суштината на зададената тема „Извештај од фронтот“, давајќи одговор на прашањето за припадност и неприпадност, која го допира и суштинскиот проблем на јавното и приватното- рече Павлески.

 

Александра Перевска