Во Турција продолжува чистката во судството

17.01.2014 17:28

Турската влада ја прошири чистката во судството со група обвинители меѓу кои се главниот обвинител од Измир, каде што минатата недела имаше апсења за примање мито, и судија во градот Ван, каде што полицијата неделава уапси членови на Ал Каеда. Премиерот Ердоган во овие акции гледа обид да се засрами владата. Тој и натаму е најпопуларен политичар во Турција, но не се знае какво влијание може да има борбата за власт меѓу владата и судството пред изборите во март.

Забраната за протести во Украина ја загрижува ЕУ

Високата претставничка на ЕУ Ештон и еврокомесарот за проширување Филе изразија загриженост поради новиот закон во Украина кој драстично ја намалува слободата на собирање и политички протест. Украинската опозиција ја обвини владејачката партија за државен удар.

„Луѓето се лишени од граѓанските права и слободи, забрането им да се собираат на плоштадот и да поставуваат шатори или да зборуваат за корумпирани судии“, изјави Виталиј Кличко, лидер на опозициската „Удар“.

Женева 2 за Сирија неизвесна

Сириската влада го потврди учеството на мировната конференција Женева 2. На средбата со рускиот колега Лавров, сирискиот шеф на дипломатијата Муалем најави прекин на огнот во Алепо и размена на затвореници. Здружената опозиција е под притисок да учествува, но многумина се откажаа без гаранција дека претседателот Асад ќе биде исклучен од преодната влада. Дамаск одбива да биде условуван.

„Ако одиме во Женева, не сме обврзани да останеме таму. Ќе се повлечеме ако има девијација во преговорите. Не мора да преговараме до бесконечност“, објаснува Хаитам ал Малех, Сириска национална коалиција.

Пожари во Австралија, нов студ во САД

Десетици пожари без контрола и натаму голтаат огромни површини на истокот на Австралија. Во државата Викторија е забележан првиот смртен случај. Според полицијата, 12 од нив се подметнати, но поголемиот дел ги предизвикала високата температура над 40 Целзиусови степени.

„Ова е само почетокот на периодот на пожари. Денешниот ден е еден од оние што ќе бидат забележани во историјата на Викторија“, вели Крег Лапсли, комесар на противпожарната служба во Викторија.

Метеоролозите најавуваат реприза на поларниот вител во САД. Од наредниот вторник до крајот на месецов се очекуваат многу ниски температури и многу појужно.