78 милиони денари за социјално ранливите

21.10.2015 15:44

Условен паричен надоместок за оние чии деца се редовни ученици во средно образование. Ќе добиваат дополнителна помош од 12 илјади денари...

Дополнителни 78 милиони денари за семејствата корисници на социјална парична помош. Условен паричен надоместок за оние чии деца се редовни ученици во средно образование. Ќе добиваат дополнителна помош од 12 илјади денари, информира денеска министерот за труди социјална политика Диме Спасов.

„Овој проект го реализираме од 2010 година и досега се инвестирани 358 милиони денари за овој надомест кој што значи дополнителна финансиска поддршка за семејствата корисници  на социјална парична помош“, изјави Спасов.