Бесплатен „Мајкрософт Офис“ за студентите на ФИНКИ

21.10.2015 16:12

Студентите на ФИНКИ бесплатно ќе го користат „Офис“ пакетот на Мајкрософт, и на факултет за време на студиите и дома. Истражувањата покажуваат дека јазиците и компјутерските вештини се најбарани на пазарот. Земјава има квалитетен кадар од информатичките технологии...

Нови можности за студентите и професорите на ФИНКИ. Отсега ја имаат на располагање најновата верзија на „Мајкрософт Офис“ програмите. Бесплатно ќе може да го инсталираат на најмногу пет компјутери и на пет преносни уреди, да го користат на факултет и дома. Новите знаења за студентите ќе значат поголеми можности за вработување. Овие вештини се бараат на пазарот.

„Модерните работодавачи овие вештини ги бараат, ги очекуваат од младите луѓе кои аплицираат за работа. На прво место се познавањето на јазици, на второ место се Мајкрософт вештините“, вели Стефан Плавјански – директор на „Мајкрософт Македонија“.

Инвестициите во образованието се влог во иднината , нашаta мисија е студентите на овој факултет да станат најдобри - вели деканот на финки. Практичните знаења ќе ги профилираат во посакувани работници.

„Им овозможуваме на студентите многу практични знаења кои ќе ги претворат во посакувани работници, но и успешни претприемачи“, нагласи деканот на ФИНКИ, проф. д-р Иван Чорбев.

Преку многубројните апликации, студените ќе можат да снимаат и објавуваат предавања, а целосно e достапна и библиотеката за материјали со лекции и креативни активности.

 

Викторија Милевска