ФЗОМ: Контактирани над 3 илјади хронично болни преку кол центарот
Во комуникацијата, хронично болните рекле дека се запознаени за заболувањето кое го имаат, терапијата која ја земаат и начинот на исхрана. Дел од нив посочиле дека иако знаат за нивната болест, сепак не знаат какви последици можат да имаат од ненавремено одење на лекар и примање на терапијата...

Повеќе од три илјади осигуреници со дијабет, кардиоваскуларни и бубрежни болести биле контактирани од тимовите на Фондот за здравство преку кол центарот.
Во комуникацијата, хронично болните рекле дека се запознаени за заболувањето кое го имаат, терапијата која ја земаат и начинот на исхрана. Дел од нив посочиле дека иако знаат за нивната болест, сепак не знаат какви последици можат да имаат од ненавремено одење на лекар и примање на терапијата.
Овие осигуреници се согласиле посовесно да се однесуваат кон своето здравје.
Веќе 20 дена тимовите од Фондот ги информираат хронично болните за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста. Предвидено е да исконтактираат повеќе од 154 илјади и 500 осигуреници со дијабет, кардиоваскуларни и бубрежни болести.
