Груевски на конгрес на Европската народна партија во Мадрид
На конгресот во Мадрид се очекува да присуствуваат и првите луѓе на Европската Унија, Туск и Јункер, како и германската канцеларка, Меркел, шпанскиот премиер, Рахој, унгарскиот, Орбан како и претседателите на владите на Португалија, Ирска, Летонија...

Премиерот Груевски учествува на конгресот на Европската народна партија што ќе се одржува во Мадрид. Ќе се разговара за актуелните предизвици на европскиот континент - економијата и потенцијалите за раст, како и за справувањето со илегалните мигранти и европските политики на интеграција.
На конгресот во Мадрид се очекува да присуствуваат и првите луѓе на Европската Унија, Туск и Јункер, како и германската канцеларка, Меркел, шпанскиот премиер, Рахој, унгарскиот, Орбан како и претседателите на владите на Португалија, Ирска, Летонија.
Во рамки на дводневниот престој на Мадрид, премиерот Груевски ќе присуствува и на бизнис- форум што се реализира во организација на Стопанската комора на Мадрид.
На форумот ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Македонија и потенцијалите за економска соработка и развој на економските односи.
