Средношколскиот пленум повторно на протести, бара укинување на екстерното
21.10.2015 17:05
Владата веќе најави дека работи на подобрување на екстерното тестирање и го подготвува новиот концепт...

Средношколскиот пленум повторно на протести. Бараат укинување на екстерното тестирање. Камерите можеа да регистрираат дека на протестите се приклучија повозрасни луѓе и опозициски пратеници.
Владата веќе најави дека работи на подобрување на екстерното тестирање и го подготвува новиот концепт, со кој се очекува надминување на сите отворени прашања од изминатиот период.
Предлогот ќе биде предложен на јавна дискусија.
