„Свети Никола Гераконија“ во стариот дел на Охрид

Предавање на светиот крст во балканскиот Ерусалим

17.01.2014 17:35

Црковниот церемонијал на примопредавањето на светиот крст

Црковниот церемонијал на примопредавањето на светиот крст се одржа во црквата „Свети Никола Гераконија“ во стариот дел на Охрид. Во оваа пригода новите кумови на верниците им поделија од славската погача и варена пченица.

"Чинот на предавањето на светото кумство коешто денеска го извршивме во црквата „Свети Никола Гераконија“ е една најголема духовна вредност со којашто можат да се закитат новите кумови.Тоа е еден голем и радосен момент во животот на еден охриѓанец и еден Македонец воопшто“, изјави Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид, нов кум на Водици.

И годинава интересот на верниците за фаќање на светиот крст е голем,за што зборува податокот дека до вчера биле пријавени над  двесте лица.

Димитар Пендов, потпретседател на Здружението „Богојавление“

„Се очекува вкупната бројка да биде преку илјада. Минатата година имаше околу илјада и шеесет пријавени и се надевам дека оваа година ќе ја надминиме таа бројка“, вели Димитар Пендов, потпретседател на Здружението „Богојавление“.

Интересен е податокот што половината од досега пријавените кои ќе запливаат во студените езерски води за да го фатат светиот крст се од други градови од земјава,а има пријави и на верници од Србија,Бугарија,Чешка и од други држави.

Сашо Нелоскки