Српски бизнисмени: Македонија нуди подобри услови за бизнис

21.10.2015 18:23

11 странски компании наместо во Србија, решиле да инвестираат во Македонија- констатирано во Стопанската комора на Србија...

Српските бизнисмените констатирара денеска дека Македонија нуди подобри услови за инвестирање во слободните зони отколку Србија. Досега 11 странски компании наместо во Србија, одлучија да инвестираат во Македонија, изјави претседателот на групацијата за слобни зони Драган Костиќ, на конференција во Стопанската комора на Србија. Ова се должи на подобрите услови за работа и подобрата инвестициона клима во Македонија- додаде Костиќ.

„Ние знаеме кои се тие даночни олеснувања што се потребни Србија да ги воведе, за да можеме да бидеме поконкуретни, бидејќи во овој момент во нашето опкружување, на пример Македонските слободни зони нудат подобри услови од нас“, изјави Драган Костиќ, претседател на Групацијата за слобни зони во Стопанската комора на Р. Србија.

Србија мора да ги подобри инвестиционите услови и да воведе нови погодности и даночни олеснувања за да можат инвестициите да дојдат. Според српските стопанственици, во Македонија во слободните зони сите даноци кон државата се „нула“, а државата дава и додатни средства на оние што сакаат да инвестираат.

Затоа српските стопанственици бараат од владата да понуди подобри услови во слободните зони, како компаниите наместо во Србија не би вложувале во други земји-како во Македонија, која има попривлечни услови за работа.

Во Србија има 14 слободни зони со 20.000 вработни во 260 производни компании. Минатата година инвестициите во нив изнесуваа 208 милиони евра.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ