Измени во критериумот за закуп на земјоделско земјиште
22.10.2015 10:19
Видот на производството нема да биде критериум за добивање на земјоделско земјиште под закуп. За површини до 3 хектари предност и натаму имаат месните жители...

Со измените на Законот, се предлага видот на планирано производство да не биде критериум за избор на најповолен понудувач.
Комисијата ќе врши избор врз основа на највисока понудена годишна закупнина освен за површини до 3 хектари каде што закупецот ќе се избира и според местото на живеење, и правниот статус.
Новите критериуми за почнатите постапки за давање под закуп на државните парцели до 3 хектари на јавен оглас и јавен повик, ќе се применуваат од денот на стапување на законот во сила.
Методија Трајков
