Одрон кај Бигорскиот манастир
22.10.2015 10:25
Сообраќајот е пренасочен преку бензинската станица на Макпетрол. Екипи на „Македонија пат“ се на терен...

На патниот правец Маврово-Дебар во близина на манастирот „Бигорски“ се одронила поголема карпа.
Сообраќајот е пренасочен преку бензинската станица на Макпетрол. Екипи на „Македонија пат“ се на терен.
Низ целата земја сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците низ клисурите.
