Ќе се живее полесно
Тешкиот живот останува зад нас, вели Тодор Mарковски. Toj е дел од трите илјади стечајни работници кои ќе бидат материјално обезбедени со последната одлука на Владата. Според Тодор овој потег е доказ дека некој води сметка и за поранешните работници.
„Сега ќе биде нешто друго,нема да биде како што беше досега сега имаме некоја надеж за живот понатаму да проживееме“, вели тој.

Овој човек повеќе не жали што многу години потрошил во собирање на документи за докажување дека во времето кога ја загубил работата Лозар била државна фирма. 55 годишниот земјоделец не се срами да признае дека му се вратила загубената верба во правото.
„Веруваме во оваа Влада, гледаме што се случува и со стечајците и со војската со платениците сепак некој ќе се осети многу подобро него што бил, ни кажа Тодор.
На пролет Тодор очекува поштарот да чукне и на неговата порта, тогаш вели ќе бидам сигурен дека моето семејство има пари за достоен живот.
Дијана Иванова