Тетовчани заинтересирани за „Купи куќа, купи стан“
На презентацијата учествуваа и градежни компании со локална понуда на станови и банките кои се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“...

Караванот „Купи куќа, купи стан“ вчера имаше презентација во Тетово во Домот на АРМ. На Тетовчани, кои изразија голем интерес за проектот, од страна на преставникот на Министерството за финансии им беше објаснето колку субвенција можат да добијат за станбен кредит, кој може да аплицира и каква е постапката.
На презентацијата учествуваа и градежни компании со локална понуда на станови и банките кои се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ имаше за цел да го приближи проектот до сите граѓани кои имаат потреба од него. Презентации освен во Тетово, беа одржани во Охрид, Куманово, Прилеп, Битола, Велес, Гевгелија, Штип и Свети Николе.
Од 29 октомври до 1 ноември во Скопје ќе се одржи и саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол. Градежните компании кои ќе земат учество за време на саемот ќе понудат специјални попусти на станбениот квадрат.
