Од ноември нема хартиена регистрација на фирмите во трговскиот регистар

22.10.2015 10:38

Согласно споменатите законски измени, престанува да се применува поднесувањето на пријави за упис во хартиена форма во канцелариите на Централниот регистар...

Од ноември нема веќе хартиена регистрација на фирмите во трговскиот регистар. Централниот регистар известува дека со примена на измените на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, и на Законот за трговските друштва, од 1-ви ноември, покрај пријавите за упис на основање во трговскиот регистар, исклучиво по електронски пат ќе се поднесуваат и пријавите за упис на промени и на бришење, преку регистрациони агенти–адвокати.

Согласно споменатите законски измени, престанува да се применува поднесувањето на пријави за упис во хартиена форма во канцелариите на Централниот регистар.

Наместо тоа, уписите во трговскиот регистар за сите видови трговски друштва задолжително ќе се одвиваат единствено преку системот за електронска регистрација.