Не запира бранот бегалци, Иванов во посета на транзитниот камп во Гевгелија

22.10.2015 11:13

Шефот на државата, в недела ќе учествува на вонредниот мини самит, свикан од претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, со претседателите или премиерите на Западен Балкан...

Над 18 илјади бегалци биле прифатени во последните три дена во транзитниот камп во Гевгелија, кој што денеска ќе го посети претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Шефот на државата, в недела ќе учествува на вонредниот мини самит, свикан од претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, со претседателите или премиерите на Западен Балкан.

Нов бран со поголем број мигранти се очекува во наредните два дена, според информации на надлежните, околу 17 илјади бегалци пристигнале во грчкото пристаниште во Пиреја.

Ниските температури предизвикуваат здравствени проблеми во кампот во Гевгелија.