Средба Груевски- Солберг во Мадрид
Двете страни согласни – во билатералните односи меѓу земјите нема отворени прашања, се карактеризираат со пријателство, почитување и поддршка...

Премиерот Грувески во Мадрид, во рамките на конгресот на Европската народна партија, оствари средба со норвешката премиерка, Ерна Солберг.
Двете страни согласни – во билатералните односи меѓу земјите нема отворени прашања, се карактеризираат со пријателство, почитување и поддршка.
Како што информираат од владината прес служба, премиерот Груевски ја информирал норвешката колешка за економско- политичката ситуација на ;акедонија, за реформите кои се преземаат и за посветеноста на владата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Солберг потврдила дека останува норвешката поддршка за македонската интеграција во НАТО Алијансата, а ќе се работи на продлабочување на односите на економски план.
Во мадрид, на вториот ден на конференцијата на најголемата политичка опција во Европа, премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски имаше и куса средба со шефот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.
