Во наредните пет години ќе се тресат 200 илјади досиеја
Ден ипол расправа за новиот лустраторски состав , без речиси ниту еден збор за членовите на староновиот тим. И по пет години од спроведувањето на процесот и натаму отворено прашањето, дали и е потребен на државата. За речиси сите парламентарни партии со исклучок на СДСМ и НСДП, потребата од соочувањето со минатото е апсолвирано прашање , единствено за СДСМ и НСДП процесот наместо кон помирување води кон нови раздори.

Дебатата завршена гласањето поради необезбеденото двотретинско мнозинство одложено за в понеделник. Староновиот тим во којшто ќе ги нема Дамјановски, Витановски и Гешовски и Мехмети , а на нивните места доаѓаат Љума , Димитровски, Лалчевска и Младеновска во наредните 6 месеци според ротациското претседателство ќе го води Аџиев. Двотретинската поддршка за тимот да биде изгласан е можна ,но доколку се случи некакво тактизирање и обидот биде неуспешен ,тогаш целата процедура од распишувањето на огласот се повторува и тогаш за изборот ќе бидат доволни 62 гласа . Новиот состав на лустратрациска треба во наредните 5 години да отвори околу нови двесте илјади досиеја и да го заврши процесот на соочувањето со минатото .
Новинар: Виолета Димовска
Снимател: Дејан Ацевски