Судењето за „Пуч“ одложено по четврти пат, ново рочиште на 13 ноември

22.10.2015 12:22

Судот го немал примено дописот дали Заев бил уредно поканет, но и покрај тоа, одбраната рече дека тој денеска имал работни обврски. Ново рочиште е закажано за 13 ноември...

Судењето за случајот „Пуч“ се одложи по четврти пат. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој се јавува како еден од обвинетите во овој предмет и денеска не се појави во Кривичниот суд во Скопје.

Судот го немал примено дописот дали Заев бил уредно поканет, но и покрај тоа, одбраната рече дека тој денеска имал работни обврски. Ново рочиште е закажано за 13 ноември.

Освен Заев, во овој случај се обвинети и поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга, вработен во општина Струмица и во МВР.

Се товарат за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.