МВР: За 24 часа издадени 3.506 потврди за азил

22.10.2015 12:28

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.040, Авганистан –837, Ирак-347, додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.506 странски државјани, од кои, 1.836  се од машки пол, 649  се од женски, 768 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 253 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.040, Авганистан –837, Ирак-347, додека другите се во помал број.

Досега, како што соопшти МВР издадени се потврди на вкупно 165.197 странски државјани, од кои, 104.548 се од машки пол, 23.162 се од женски, 30.508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.979 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-112.381, потоа Авганистан-28.213, Ирак-12.625, Пакистан-3.850, Иран-2.081, Палестина-1.564, Сомалија-869, Бангладеж-853, Конго-457, Нигерија-250, Камерун-220,  Еритреја-204, додека останатите се во помал број. 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.