Белели: Се надеваме дека ќе се постигне договор

22.10.2015 13:06

Ќе се ангажираме за целосно исполнување на политичкиот дијалог, вели првиот италијански дипломат во земјава...

Не се откажуваме од европската перспектива на Македонија, но ќе се ангажираме за целосно исполнување на политичкиот дијалог, вели првиот италијански дипломат во земјава.

„Загрижени сме што во ситуацијата нема поместување. Се надеваме дека ќе биде постигнат договор. Ние ќе продолжиме да ја следиме состојбата, експерт од ЕУ и е достапен на владата и на партиите за преговорите. Ја сметаме Македонија како дел од Европа и сакаме да ја видиме како членка на ЕУ и нема да ја напуштиме. Ќе правиме напори и притисок се со цел да добиеме финален договор“, изјави италијанскиот амбасадор во земјава, Ернесто Масимо Белели.