Странците на едно место ќе добиваат информации
Почнаа градежните работи за обнова и приспособување на деловниот простор, што ќе се користи како канцеларија, едношалтерски систем. Странците во земјава ќе можат на едно место да ги добиваат сите работни дозволи...

Во срцето на градот, на Улица Македонија, почнаа градежните работи за обнова и приспособување на деловниот простор, што ќе се користи како канцеларија, едношалтерски систем. Странците во земјава ќе можат на едно место да ги добиваат сите работни дозволи.
„Целта е секој кој одлучил да инвестира во РМ да може своите формалности и процедури да ги заврши овде, во срцето на градот, во еден убав деловен простор, каде што ќе се примаат странките - заинтересираните граѓани, потенцијалните и постоечките инвеститори за да ги реализираат своите потреби кон институциите и да ги извадат потребните работни дозволи за нивниот бизнис“, изјави министерот Диме Спасов.
Покрај администрација во деловниот простор ќе биде сместен и Центарот за книга - проект предвиден со Националната стратегија за култура 2013-2017. Просторот му е доделен на Министерството за труд и социјална политика, а градежните работи за реконструкција и адаптација се во надлежност на Агенцијата за вработување.
