Венизелос и Кери сепак зборувале за името

18.01.2014 11:11

Евроинтеграцијата на Западен Балкан била тема на разговорите на средбата во американскиот Стејт Департмент меѓу државниот секретар Џон Кери и неговиот гостин грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Венизелос потврди по средбата во изјавата на грчки јазик дека Грција ја поддржува европската перспектива на сите соседи, ако ги исполнат барањата, но нагласи ако ги исполнат барањата што за случајот на Македонија значи промена на уставното име.

Изјава Евангелос Венизелос- грчки министер за надворешни работи

„Зборувавме за Западен Балкан, Источниот Медитеран и отворените прашања во светот. Грција ја поддржува европската перспектива на соседите, ако ги исполнат поставените барања“,  изјави Евангелос Венизелос- грчки министер за надворешни работи.

Американскиот државен секретар Џон Кери, пред средбата истакна дека САД очекуваат Грција да биде стабилизирачки фактор во регионот, особено сега како Претседавач на Европската Унија.

„Никогаш не е лесно политички да се направат одлуки за излез од кризата, но Грција ги направи и се подобрува чекор по чекор. Сакаме не само да продолжиме да им помагаме за кризата, туку и во соработката против тероризмот, за Балканот, Блискиот Исток. Има многу работи за кои делиме заеднички интереси.“, рече Џон Кери-американски државен секретар.

Како што се очекуваше, Вашингтон побарал објаснување од Венизелос зошто го пуштиле дома за Божиќните празници, грчкиот терорист одговорен за убиството на неколку американски дипломати во Грција, и којшто сега е во бегство. Венизелос се правдал дека ќе се борат против тероризмот и ќе ја зајакнат граничната контрола.

По оваа средба станува јасно дека оваа година САд ќе имаат поактивна улога во решавањето на спорпт со името.

Ирина Гелевска-постојан дописник на МРТ од САД

Снимател: Ристо Мишев