Нова инсулинска аптека во Драчево

22.10.2015 15:28

Инсулинска аптека во Општина Драчево. Се скратува времето за болните од тивкиот убиец, дијабетес, за добивање на соодветната терапија...

За својата инсулинска терапија жителите од Драчево и околината одеа дури до поликлиниката „Јане Сандански“. Сега тоа ќе го имаат на располагање непосредно до домовите. Со СМС порака преку „Мој Термин“, болните од дијабетес веќе се информирани, вели ресорниот министер Никола Тодоров, дека инсулинската аптека им е веќе во близина.

Не само што им се олеснува пристапот до терапијата, туку во поликлиниката ќе имаат на располагање и интернист специјализиран за ова боледување.

На овој начин им се приближуваат здравствените услуги на пациентите до местото на живеење. Во изминатите три години беа воведени шест специјалности во оваа поликлиника.

 

Фиљана Кока