Вирози и грип

Разликата во температурата ги наполни ординациите

22.10.2015 16:19

Црвено грло затнат нос, кашлање - разликата во температурата, но и намалениот имунитет ги наполни ординациите. Честопати и обична настинка може да предизвика сериозни инфекции, посочуваат педијатрите...

Подолго време ја има болеста, кашла, зафатено е носето, грлото и шлајмот се спушти на белите дробови. Од вчера Анастасија е на инхалација.

11- месечната Анастасија еден месец има тешка вирусна инфекција. Таа е само едно од многуте дечиња кое во овој период бараат помош кај педијатрите. Црвено грло затнат нос, кашлање - разликата во температурата, но и намалениот имунитет ги наполни ординациите. Честопати и обична настинка може да предизвика сериозни инфекции, посочуваат педијатрите.

„Најчесто после вирусната инфекција се накалемува бактериската. Во нашата ординација често ја има стрептококата, најтешката бактерија која со своите ендотоксини може да оштетува внатрешни органи. Ја сретнуваме и во детските установи, во градинките“, вели проф. д-р Марија Христовска – педијатар, пулмо- алерголог.

Најмногу страдаат децата што одат во градинка и во училиште- таму бактериите се пренесуваат полесно.

Докторите апелираат родителите да не ги пуштаат болните деца да одат на училиште или во градинка. И потребната трерапија да не им ја даваат на своја рака.

Од почетокот на сезоната во земјава регистрирани се 82-ца грипосани. Пикот на заболени, лекарите го очекуваат во декември и во јануари.

 

Андријана Атанасовска