Коцијанчич: Поканата е испратена директно до Иванов

22.10.2015 16:37

Портпаролката на Европската Унија, Маја Коцијанчич потврдила оти воопшто ниту имало последен момент, ниту имало некаков револт при одлуката да се упати покана до претседателот Иванов за учество на вонредниот состанок во Брисел, како што објави еден од националните медиуми...

Интернет портали денеска пренесоа дека портпаролката на Европската Унија, Маја Коцијанчич потврдила оти воопшто ниту имало последен момент, ниту имало некаков револт при одлуката да се упати покана до претседателот Иванов за учество на вонредниот состанок во Брисел, како што објави еден од националните медиуми.

Коцијанчич рекла дека претседателот Јункер ја испратил поканата директно до македонскиот шеф на државата.

Владата вчера соопшти дека премиерот Никола Груевски нема да присуствува на состанокот на Европската комисија, бидејќи како што информираа, во тој период на неговата агендата е планирана посета на Обединетите арапски емирати каде што ќесе сретне со високи претставници од политичкиот и економскиот живот.

Појаснуваат дека по претходен договор меѓу македонските институции договорено е на средбата со Јункер да оди шефот на државата, Иванов.