На едно место работна и дозвола за престој

22.10.2015 16:51

Странсците кои доаѓаат во Македонија наместо во неколку институции ќе можат во една канцеларија да ги завршат потребните процедури, патем да се запознаат и со културното творештво на Македонија...

Странците кои сакаат да инвестираат во Македонија на едно место ќе можат да ја добијат потребната документација за работна и за дозвола за престој, наместо да посетуваат неколку институции. Работата ќе можат да ја завршат на едно место, во  срцето на Акопје, на улица „Македонија“, каде што ќе биде сместена канцеларијата.

Странците кои ќе доаѓаат по дозвола ќе може да се запознаат и со литературното творештво на Македонија.

Центарот ќе функционира како посебна организациска единица на Министерството за култура. Ресорот ќе го уреди и ентериерот, за да биде репрезентативен за приеми и презентации.

Градежните работи за реконструкција и приспособување на деловниот простор, почнаа денеска, а се во надлежност на Агенцијата за вработување.

Александра Перевска