Можностите за инвестирање претставени на бизнис форум во Мадрид

22.10.2015 16:55

„Македонија е рај за инвестиции поради владините реформи кои ја направија земјава најатрактивна за инвестирање“, ваква порака во Мадрид испрати претседателот на Шпанската стопанска комора. Премиерот Груевски пред бизнисмените зборуваше дека Македонија е земја со најниски даноци во светот. Порача- крупните реформи и добрата бизнис климата и донесоа на Македонија голем број странски инвеститори...

Со даночна стапка од 7,4% Македонија е земја со најниски даноци во светот – ова го покажува извештајот на „Ворлд економик форум“ рече премиерот Никола Груевски на состанокот со бизнисмените во Мадрид. Во последните девет години, нашата земја направи крупни реформи за подобрување на бизнис климата, а како резултат на тоа, голем број странски инвеститори од САД, Британија, Германија и Италија донесоа одлука да отпочнат бизнис кај нас.

„Оние кои најмногу инвестираа во Македонија во последните години се компании главно од САД, од Германија, Велика Британија и од Италија. Македонија има најниски даноци во светот со вкупна ефективна даночна стапка од 7,4%. Единсвена земја од 140 економии со стапка пониска од 10%“, нагласи премиерот Груевски.

Вицепремиерот Пешевски пак заклучи дека подобрувањето на бизнис климата веќе ги дава посакуваните резултати.

„Имаме закажано повеќе билатерални средби со компании, по завршувањето на бизнис форумот. Верувам дека тоа ќе вроди со плод бидејќи тоа е крајната цел, носење на нови инвестиции и отворање на нови работни местаи подобрување на животниот стандард на граѓаните“, изајви Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Претседателот на шпанската стопанска комора, Фернанде смета дека дека Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа на начин што на компаниите им дава помош за да отпочнат со работа и со тоа нашата земја е претворена во рај за инвестиции.

„Овој рај за инвестиции се истакнува со стабилен раст во последниве години, исто така со ниска стапка на инфлација, врамнотежена фискална политика и фиксен курс спрема еврото“, нагласи Артуро Фернандез – претседател на Шпанската стопанска комора.

Владата прави големи напори да го подобри деловниот амбиент за компаниите, од аспект на трошоците за гас и за струја. Гледаме дека тие напори создаваат услови компаниите да продолжат со инвестициите во југоисточна Европа“, вели Хуан Педро Наваро – странски инвеститор.

Иако има значително подобрување, проблемот со невработеноста е предизвик на кој и во иднина ќе се работи рече Груевски. На форумот во Мадрид премиерот информира дека во време на светска финансиска криза, нашата земја ја намалила невработеноста за повеќе од 11%.

 

 Анита Димитријевска