Гром го погоди Исус во Рио

18.01.2014 12:27

Познатата статуа на Христос Спасителот во Рио е оштетена од гром

Познатата статуа на Христос Спасителот во Рио е оштетена од гром во големото невреме што зафати поголеми делови од Бразил. Локалните власти соопштија дека громот го оштетил десниот прст на статуата.Во февруари 2008-мата  е извршена реставрација откако повторно гром ја оштетил главата и прстот на статуата, една од најголемите камени статуи на Исус во светот, која што се наоѓа на ридот Корковадо.Статуата е висока 38 метри и е прогласена за ново светско чудо во 2007-мата, и содржи 700 тони бетон.

Индија

Најмалку 18 лица загинаа во стампедо пред погребот на муслимански верски лидер во Мумбаи. Стампедото се случи додека илјадници луѓе од заедницата Даводи Бохра, се собраа да го испратат Мохамед Бурханудин. Даводи Бохра е секта на шиитски муслимани која се шири низ целиот свет. Нивниот духовен лидер почина од срцев удар во петокот, на возраст од 102 години.

ИЗЈАВА: „ Единствената работа што можам да ја кажам е дека не бевме добро заштитени од полицијата и владата. Тие требаше да бидат овде и да внимаваат на сето ова. “

Авганистан

21 лице, меѓу кои претставници на ММФ во Авганистан и тројца вработени во ОН се убиени во напад на ресторан во главниот град Кабул. Талибанците ја презедоа одговорноста за експлозијата во област каде се сместени амбасадите . ММФ и ОН потврдија дека во нападот загинале нивни вработени. Според авганистанската полиција, бомбаш се саморазнел пред ресторанот, а после тоа, двајца напаѓачи упаднале во ресторанот и почнале да пукаат. Портпаролот на Министерството за внатрешни рече дека двајцата напаѓачи подоцна биле убиени од безбедносните сили. Специјалниот пратеник на ОН за Авганистан, Јан Кубис и американскиот Стејт департмент веќе го осудија нападот.

Португалија

Неколку области во Лисабон се погодени од силен град во раните утрински часови. Сообраќајот е хаотичен поради поплавените улици, а имало  и неколку страотни сообраќајни несреќи. Противпожарната бригада тешо успева да одговори на сите барања. Поради временските неприлики, во земјата е прогласена вонредна состојба.