Расте бројот на загинати во училиштето во Шведска

22.10.2015 17:43

Наставникот починал на самото место, а ученикот им подлегнал на повредите во болница. Уште двајца ученици на возраст од 11 и 15 години се тешко повредени...

На двајца загинати се искачи црниот биланс по нападот со меч во училиште во градот Тролхатан во Шведска. Наставникот починал на самото место, а ученикот им подлегнал на повредите во болница. Уште двајца ученици на возраст од 11 и 15 години се тешко повредени. Полицијата го застрелала напаѓачот, кој е во тешка состојба на операција и неговите мотиви се непознати.

Маскиран човек на 20-тина години влегол во училиштето вооружен со нож и ги нападнал учениците и вработените. Полицијата беше повикана и кога пристигнавме, тргна да не нападне и нас. Пукавме и го ранивме, изјави Томас Фуксборг, портпарол на полицијата.

Нападот во кафетеријата предизвикал паника меѓу 400-те ученици од предучилишна до средношколска возраст. Некои раскажуваат дека мислеле дека е шега и дека напаѓачот носел маска од филмот Војна на ѕвездите.