Кривични пријави за кражби за 19-годишник

23.10.2015 15:19

Според сознанијата, кражбите ги извршил во изминативе четири месеци, сите на подрачјето на Бит Пазар...

19 годишник од Скопје заработи четири кривични пријави за кражби. Се сомничи дека преку нив се офајдил со сто илјади денари. Според сознанијата, кражбите ги извршил во изминативе четири месеци, сите на подрачјето на Бит Пазар.

На мета му биле куќи и автомобили. Според крим евиденцијата на СВР Скопје, од 2011-та против него биле поднесени 16 кривични пријави за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај.