Улогата на црквата и свештениците во Револуционерната борба

23.10.2015 15:26

Во синџирот на ВМРО значајна алка била црквата и свештенството, манастирите и храмовите биле најчестите места каде престојувале револуционерите во критичните моменти, а свештениците биле оние кои ја преземале улугата во подигањето на моралот на обесправеното население...

Верата и црквата отсекогаше биле нераскинлив дел од борбата за македонската самобитност. Историјата сведочи дека тие имале значајна улуга во зачувувањето на македонштината. Кога било забранувано да се говори на македонски јазик, манастирите и храмовите служеле и како училишта. Свештените лица ги образувале младите, а во црковните служби го користеле македонскиот јазик. Структурите на црквата се водилка и во растежот  на предиленденската револуционерна мисла и потпора на храбри револуционери во најтешките моменти. Свештениците биле оние кои го подигале моралот и застанувале пред обесправениот народ.

„Тие биле душата на организацијата на востанијата. Тие ги храбреле борците, пред секоја војна што се случувала го собирале народот. Пред црковниот крст и евангелието се полагале заклетвите“, изјави г. Петар, митрополит Преспанско- пелагониски.

Историските записи говорт за многуте потресни настани во кој доаѓа до израз херојскиот дух на свештениците и љубовта кон својот народ. Некои дури активно учествувале и во самите борби и подеднакво со востаниците паднале како жртви на бојното поле.

„Осебно по својот придонес се издвојуваат свештениците од битолскиот револуционерен округ атарот во кој делуваат и корифеите на ВМРО Даме Груев, Борис Сарафоф и другите револуционери“, вели Владо Кузмановски, историчар.

И денес кога сме независна и суверена држава црквата има своја улуга во одбрана на македонскиот идентитет. Митрополитот г. Петар вели дека денешните прилики се сосема поинакви но на овој свет ден да се потсетиме на хероите и приликите во кој тие се бореле и да не поттикнат во зацврстувањето на единството во очувувањето на она за што тие се бореле Македонска држава.

 

Стевче Митревски