Доделени стипендии за 500 млади спортисти
23.10.2015 15:30
Стипендијата „спортска надеж“ се доделува во форма на плакета и паричен надоместок...

Директорот на Агенцијата за млади и спорт денеска додели ваучери за стипендиите, кои секоја година оваа институција ги доделува на 500 најдобри млади спортисти на возраст до 20 години.
Стипендијата „спортска надеж“ се доделува во форма на плакета и паричен надоместок, кој го зема младиот спортист во текот на 10 месеци во годината во вредност од 20 отсто од просечната плата исплатена во претходната година.
