15 милиони денари за нов хидросистем во Битола
Како што најави денеска ресорниот заменик министер...

Како што најави денеска ресорниот заменик министер Зоран Коњановски, во постапка се уште два други проекта кои ќе се реализираат исто така со директна владина поддршка.
Според него, годинава, освен рехабилитација, интензивно ќе се врши и санација на системите за водоснабдување, како и изградба на нови за што преку Програмата за рурален развој се предвидени 13,2 милиона евра.
- Владата преку Програмата за рурален развој секоја година одвојува финансиска поддршка за водостопанствата, за јавните претпријатија што дистрибуираат вода преку системите за наводнување. Свесни сме дека секоја година поддршката треба да биде се поголема, бидејќи има застарени системи на кои им е неопходно одржување, но во исто време треба да бидеме свесни дека потребни се средства и за изградба на нови системи, изјави Коњановски по посетата на „Стрежево“.
Првиот проект ќе се реализира во општина Битола, во непосредна близина на населеното место Логоварди каде ќе биде извршена замена на стариот цевковод со нов за што се веќе обезбедени 15 милиони денари...
