Словенија го активира механизмот на ЕУ за цивилна заштита
23.10.2015 15:35
Словенија го активира механизмот за цивилна заштита на ЕУ во барање помош, изјави портпаролката на ЕК, Наташа Берто...

Соочена со големиот бран бегалци, Словенија го активира механизмот за цивилна заштита на ЕУ во барање помош, изјави портпаролката на ЕК, Наташа Берто.
Како што јавија словенечките медиуми, Берто на Твитер навела дека Словенија го активирала механизмот кој им овозможува на државите- членки да добијат нефинансиска помош во период непосредно по катастрофа, по вчерашната посета на комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.
Словенија барала шатори, ќебиња, постелина и други работи неопходни за имигрантите.
