Експерти: Европа не се справува успешно со мигрантската криза
Не попушта бегалскиот бран. Се затегнуваат билатералните односи меѓу земјите низ кои транзитираат луѓето од воените жаришта, Европската унија за в недела свика самит посветен на кризата. Сепак, дел од европските аналитичари се скептични дека земјите од Западниот Балкан ќе ги добијат ветените пари...

Европа не се соочува успешно со мигранската криза, ниту пак има заеднички одговор, односно решение за овој проблем- констатира аналитичарот од Европскиот политички центар во Брисел, Андреа Гимис. Сепак, таа смета дека не може да се говори и за тотелен неуспех, имајќи го в предвид огормниот број на бегалци со кој се соочува Унијата, и политичките одлуки кои се донесени на последните неколку самити.
Финасиската помош е пресудна за државите кои се наоѓаат на главната рута на бегалците, токму затоа на последната средба на лидерите на ЕУ беше одлучено да бидат издвоени 3 милијарди евра за Турција во следните две години и 700 милиони за земјите од Западен Балкан- сума која според Гимис е далеку помала од потребната, а воедно недостасува и посветеноста од страна на ЕУ, што може да финишира и со тоатално фијаско, односно државите меѓу кои Македонија и Србија, да не ги добијат потребните пари– тогаш кога им се најпотребни.
„Не сум сигурна дека оваа сума е доволна. Земјите од Западен Балкан се соочуваат со голем наплив на бегалци и тие треба да обезбедат сигурен премин на мигрантите. И мислам дека во овој момент нема доволна посветеност од страна на Европската Унија. Земјите членки се аназирани околу проблемите со бегалците на својата територија. Потребни се многу финасиски средства, кои во периодов се прелоцираат со цел да се сместат бегалците. Затоа посветеноста во Западен Балкан не е на високо ниво“, вели Андреа Гимис, ЕПЦ.
Значи нема сигурност дека овеи држави ќе ги добијат парите?
„Не во овој момент“, нагласува Гимис.
Токму затоа претстојниот мини самит закажан во недела со кој ќе претседава првиот човек на Европската Комисија, Жан Колд Јункер, а на кој ќе присуствува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, ќе преставува одлична можност, уште еднаш да се потенцира итноста за финасиската помош, и поседиците кои ги трпи нашата држава на финасиски и безбедносен план од почетокот на бегалската криза.
Инаку низ Република Македонија од почетокт на годинава поминаа околу 400.000 бегалци. Нашата земја троши по околу милион евра месечно само во делот на војската и полицијата за справување со кризата, но трошоците се згоемуваат.
Претседателот Иванов пред заминувањето во Брисел побара Македонија да биде дел од заедничкиот европски одговор на кризата.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
