Адеми: Реформи во образованието за да се задржи квалитетниот кадар

23.10.2015 16:23

Министерот Адеми вели дека ќе има јавна дебата на која секој ќе може да го каже својат став во однос на екстерното тестирање и државната матура. Според министерот, реформите се прават за квалитетниот кадар да се задржи во земјава...

На средношколците што простестираа ресорниот министер им порача дека ќе може да го кажат својот збор откако ќе биде отворена јавна расправа. Адеми вели дека моделот по којшто ќе треба матурантите да полагаат од јануари в година сеуште се креира. Сега се разгледуваат сите предлози за екстерното тестирање, вели, по што ќе биде подготвен концептот.

Зборувајќи при одбележувањето на Австриско- македонските денови, Адеми потсети на остварените реформи во образованието со цел високообразованите кадри да се задржат во земјава.

Одливот на мозоци, сепак е појава со која се соочува општеството. Само во Австрија во последниве години заминале близу 20 илјади млади. За да се задржат во земјата претседателот на евроклубот „Алпбах“ порача дека се клучни- странските инвестиции и новите работни места.

Целта на настанот е да ги задржи во фокусот младите. Претходно клубот го организираше и австрискиот ден на кариерата каде Герхард Шлатл, трговското аташе на Република Австрија во Македонија посочи дека иако земјата е мал пазар, кај австриските компании постои интерес за Македонија.

 

Фиљана Кока