Ниските даноци- магнет за странските компании

23.10.2015 16:31

Рангирањето на „Бизнис инсајдер“, според кое Македонија има најниска вкупна даночна стапка во светот е од клучно знаење за привлекување нови странски инвеститори и адут повеќе странците да ги вложат парите во нашата држава...

Даночните стапки- магнет за инвеститорите. Рангирањето на „Бизнис инсајдер“, според кое Македонија има најниска вкупна даночна стапка во светот е од клучно знаење за привлекување нови странски инвеститори и адут повеќе странците да ги вложат парите во нашата држава.

Земјава нуди низа поволности и добар деловен амбиент, што беа пресудни  за одлуката да инвестираме во земјава – рекоа недоамна директорите на „Маркард“. 

„Што беше пресудно да инвестираме овде? Образовно орентираните луѓе, добиените извештаи и информации за бизнис климата, сигурноста на политиките и владата. Македонија не беше на нашата листа се додека преставниците на владата не направија презентација. Сега Вие сте победници“, рече Харалд Маркарт, генерален директор на „Маркарт“.

И од шпанската бизнис заедница препорака Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа, ги помага и стимулира компаниите да почнат бизнис.

„Владата прави големи напори да го подобри деловниот амбиент за компаниите, од аспект на трошоците за гас и за струја. Гледаме дека тие напори создаваат услови компаниите да продолжат со инвестициите во Југоисточна Европа“, смета Хуан Педро Наваро, странски инвеститор.

Последната потврда стигна од северниот сосед. Од тамошната комора велат – 11 странски компании кои преговарале да инвестираат во Србија, на крајот парите ги вложиле во Македонија.

 

Андријана Атанасовска